Во с.Тработивиште, општина Делчево се реализира проектот „Преку енергетска ефикасност до ефикасна локална заедница“
Превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасовикако главна цел е спроведувањето на проектот под мотото „Преку енергетска ефикасност до ефикасна локална заедница“.
Како проектни активности се предвидуваат:
- Подготовка, публикување и дистрибуција на печатен и електронски едукативен материјал на македонски и англиски јазик (1000 прирачници за локалната заедница и пошироко, 1000 налепници)
- Двеобуказа волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност
- Поставување на 1200 метри канали од бетон ф500мм за канализирање на водата од р.Желевица до динамото за производство на електрична енергија
- Поставување на 40 енергетско-ефикасни канделабри за улично осветлување.
- Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање
Проектната активност започнаа од февруари 2012и ќе трае до крајот на јануари 2013 година.
Координатор на активностите и имплементатор на проектот е Регионалниот центар за застапување од Делчево, а партнер е општина Делчево. Целокупните проектни активности се финансирани од ГЕФ ПМГ и општина Делчево.
Вредноста на проектот изнесува 57932американски долари.
Дополнителни информации за проектот можат да се добијат кај координаторот на проектот Тони Стоименовски на телефон 078/201794 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , и на www.rcz.delcevo.org.mk
Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат наwww.gefsgpmacedonia.org.mkи наhttp://sgp.undp.org


